Македонија

Слободен печат: Во Македонија познати функционери ги тепале сопругите, меѓу нив и еден градоначалник

Под мотото „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето”, денеска се одбележува меѓународниот ден за борба против насилството врз жените годинава.

Се малтретираат сите, од необразовани рурални жени, до жени на функционери

Економската зависност на жената раѓа насилство, поради што најчесто жртви на семејно насилство се невработени жени, кои и покрај малтретирањето, сепак се враќаат кај насилникот, со што си го изложуваат животот на опасност, вели претседателката на Организацијата на жени на Град Скопје, Томка Дилевска, објави Слободен печат.

– На СОС линијата 15 700, која функционира веќе 29 години, секој ден имаме околу 8 пријави, од кои 5 секогаш се во ноќните часови, по што, доколку се работи за телесна повреда секогаш ѝ излегуваме во пресрет на жртвата. По направен лекарски преглед, жртвите на семејно насилство ги сместуваме во нашиот шелтер центар каде што имаат можност да останат од 1 до 12 месеци. Од почетокот на 2019 година во шелтерот се сместени 10 жени и 12 деца, а лани беа сместени 30 жени и 18 деца. Но, проблемот се јавува по напуштањето на шелтерот, кога 80 проценти од жртвите се враќаат кај насилникот, поради економската зависност од мажот – објаснува Дилевска.

Иако во јавноста се верува дека само необразовани мажи од рурални средини ги тепаат жените, Дилевска ни открива дека кај нив се обраќаат и жени на познати функционери, од кои една жена на градоначалник дошла претепена. И не е единствена, објави Слободен печат.

Текстот во целост на: Слободен печат.мк

To Top