Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(24) од село Слатино-Теарце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“.
На 08.04.2018 година околу 13,30 часот во село Брезно, oд страна на полициски службеници при преглед над патничко возило “Фолксфаген Голф“, сопственост на Д.К., а управувано од пријавениот, било утврдено дека бројот на носечката конструкција не е оргинален, односно идентитетот на наведеното возило бил променет. По извршената проверка било констатирано дека со употреба на механичка алатка бил отстранет пределот на фабричкиот идентификационен број на носечката конструкција и врз така подготвената површина дополнително со употреба на механичко средство за нанесување, бил втиснат сегашниот број на носечката конструкција.