Македонија

Случајот „Еразмус“ се враќа на почеток – поротник заминува на работа во Германија

Судскиот процес „Еразмус“ се враќа од почеток.  Судијка поротничка ќе го напушти составот, затоа што добила работна виза да работи во Германија во наредните шест месеци.

“Еразмус” требаше да има пресуда на почеток од февруари, а сега, на тој датум ќе почне од почеток.

Во Судскиот процес „Еразмус“, поднесени се обвиненија за поткуп за пет професори и еден асистент од економскуот факултет во Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во октомври минатата година.Судски процес за случајот Еразмус, во кој обвинети се неколку професори на Економскиот факултет, Славе Ристески, Драги Јанев, Стојан Дебарлиев, Бобек Шуклев и демонстраторот Драган Денковски.  Според сведочењето на Дејан Трајковиќ кој од 2012 до 2018 година работел во бифето на Економскиот факултет, професорот  Шуклев барал да има секс со студентка или да му плати 1000 евра за да положи испит.

Инаку „Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела“, соопштија тогаш од Основното јавно обвинителство.

На почеток