Коментари

Богојески : Го поразивме Груевски, но не “груевизмот” во нас

Петар Богојески, еден од лидерите на т.н. реформатори во ВМРО-ДПМНЕ кои први јавно застанаа против Никола Груевски уште додека тој ја водеше партијата, за „Скопје1.мк“ одговара на неколку актуелни прашања поврзани со референдумот и случувањата во ВМРО-ДПМНЕ.

На интернет кружи постер на кој е и поранешниот лидер на партијата. Груевски молчи и не кажува став за референдумот. Иста така не се огласува на повиците на членството и дел од јавноста за да каже како ќе гласа во Собранието кога договорот со Грција ќе стигне на гласање. Зошто оваа група пратеници на чело со Груевски не се придружуваат на кампањата Бојкотирам ?

Тој стил на „постери“ е под секое ниво, за да може да си дозволам било кој коментар на темата. За се што сакате да го прашате поранешниот лидер Груевски, ќе се обратите до него. Најмалку ја посакувам улогата да бидат портпарол, а секако уште помалку баш на Никола Груевски.

Што говорат вашите анализи, ќе успее ли референдумот и ако не успее , зошто граѓаните би го бојкотирале ? што ги мотивира ?

Македонија треба да успее на овој референдум. До сега имам наведено повеќе причини за мотивот за бојкот. Прва е организацијата на тој бојкот од страна на странски центри кои тргнувајќи од своите национални интереси, сакаат да ја спречат интеграцијата на РМ во НАТО. Тие најдоа поволна клима кај екс југословенските оперативци во РМ, кај семејствата погодени со „егејската трагедија“, кај семејствата погодени од „антиквизаторската трагедија“ и сл. Второ граѓаните се исклучително незадоволни од работењето на Владата и својот револт сакаат да го изразат преку бојкот, а не се свесни дека вистински револт може да искажат само преку гласање „против“ на овој референдум. Дел од нив се лица на кои личната агенда им е пред државната, па се налутени на власта или опозицијата поради неостварени лични амбиции. И секако бојкотот најголем сојузник пронајде во ликот и делото на „македонскиот инат“. Делумно е оравдан поради решенијата во „Преспанскиот договор“ и неговата одржливост на подолг рок, но повторно ќе кажам, само со масовно гласање „против“ можеме да го истераме „македонскиот инат“. Бојкот е без никаква вредност. Бојкотот е проект кој дирекно му оди во прилог на СДСМ и Зоран Заев, зашто доколку таа акција навистина успее, целиот терет ќе падне врз ВМРО-ДПМНЕ, а ќе ликуваат нашите политички конкуренти.

Вие повикувате на гласање, а се појавувате и на маршовите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Зошто одите на тие маршови ? Каква порака испраќате?

 

Морам да признам дека уживам да присуствувам на митинзи на ВМРО-ДПМНЕ. На нив сум присутен од дете до денес. Таму сретнувам илјадници пријатели со кои сме биле дел од битката за „вмровската вистина“ да биде услишена. Повторно ги обновуваме тие контакти, споделуваме спомени, се храбриме за она што ни претстои, разменуваме идеи и решенија. Ќе сретнам по некој „незадоволен“ од реформите, некој кој е „презадоволен“ од реформите, на првиот ќе му појаснам да разбере што е суштината, на вториот ќе му објаснам дека имаме уште премногу работа пред нас за вистински реформи, и тоа е секојдневна работа во политиката. Комуникација со различни луѓе, секој со своја вистина. Секогаш сум близок со базата, со членовите, чиј дел сум цел живот.

Каде се сега т.н реформатори и до каде е реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ ? Се реформира ли ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски ?

 Реформаторите се тука каде што биле цел живот, во ВМРО-ДПМНЕ, со своите семејства, со своите пријатели, здрави и живи и секогаш подготвени за унапредување на политичкиот живот во Република Македонија и секако за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ. Има многу што да сработиме за да констатираме реформирање на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме идеја која сите нас не обединува и во вакви историски моменти да останеме единствени и фокусирани на нашата борба за подобро утре за сите граѓани на македонската Република.  

Во какви односи сте со Христијан Мицкоски ? Тој доаѓа од крилото на поранешниот лидер Груевски, а вие бевте симбо на внатрепартискиот отпор кон неговиот лик и дело. Како функционира сега внатре ВМРО-ДПМНЕ ?

Во овој момент односите помеѓу мене и Христијан Мицковски се такви како што може да бидат помеѓу Зам.ген.сек. и Претседател на Партија. Морам да истакнам дека не само што бевме, туку остануваме симбол на демократизацијата, модернизацијата и европеизацијата на ВМРО ДПМНЕ. Неодамна напишав – „Успеавме да го поразиме Груевски, но не и „груевизмот“ во нас“. Во целост останувам на истото. 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток