Скопје

Почина бездомникот чичко Цобе кој беше претепан, се собираат донации за погреб

По два месеци од претепувањето на Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе, тој им подлегна на повредите. Тој продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво декор“. Тој спиеше и се хранеше на истата локација.

Претепувањето на Минциковски се случи пред еден месец. Тој веќе три дена е во капела, бидејќи нема кој да го погреба.

„Не беше евидентиран како бездомник, затоа што имаше куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош, има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците. Во изминатиов период се потрудивме да ја решиме оваа ситуација и стапивме во контакт со институции, погребалното Бутел и неколку други Здруженија. Останаа уште 4.000 ден кои се потребни за да може конечно Чичко Цобе да се погреба. Доколку сте во можност да помогнете ве молиме да не контактирате, за да ве насочиме каде да го извршите плаќањето“, се вели во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток