Професорката, Мирјана Најчевска, на својот Фејсбук профил го искоментира вчерашниот протест кој се одржа пред Собранието против уставните измени. Организаторите на протестот и демонстрантите ги нарекува сеачи на национализам и омраза.
„Не ми се верува, џганот кој го испоплука социјализмот, кој направи хорор музеј за комунизмот, џганот кој се откажа од историјата на мојот татко и неговите соборци, одеднаш се сети за АСНОМ и застана во негова одбрана.
Мрш бре кретенчиња неписмени кои сеете национализам и омраза и продуцирате насилство, кои ја вративте државата во 16 век и не закопавте во фекалии од кои не можеме да се извлечеме.
Таткоми умре со револуционерните песни на своите загинати соборци и со подигната тупаница за одбрана на овој народец од џганот како вас.
И јас немам намера да дозволам националистичко-фашистичката багра на чело на лумпен пролетаријатот кој истиот овој џган го создаде да не влече надоле“, напиша Најчевска.