Скопје

Пукале и ограбиле бензинска во Бутел

Двајца разбојници пукале во воздух при грабеж на бензинска пумпа во Бутел дознава 24 инфо.

Разбојништвото се случило по 23 часот на улицата Александар Урдаревски во пумпа на Макпетрол.

Според очевидци, арамиите со пиштоли им се заканиле на вработените по што испукале курѓум во воздух, ги зеле парите и избегале со автомобил.

Ова е втор грабеж вечерва откако претходно во Драчево беше огрбена обложувачница.

фото: Архива

To Top