Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитка до православните верници во Македонија и дијаспората.
„Дозволете ми, во мое лично име и во името на Единстена Македонија на сите православни верници во Македонија и дијаспората, да ви го честитам Воскресението Христово – Велигден и да ви посакам многу радост, среќа и духовен мир. Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина.
Велигденското празнување годинава ни доаѓа во тешко време на здравствена криза во која врз основа на сите размислувања и информации власта недозволиво го полудува народот и му втера страв во коски. Во едно помирно време, ќе мора да се даде една анализа, дали ова ситуација со коронавирусот која небаре ни ја наметнаа како апокалиптична, и навистина било така.
За разлика од останатиот свет, ние Македонците сме нападнати и со уште еден вирус – политичкиот кој го уништува националниот карактер на Македонците.
Здравјето и Татковината немаат цена. Христовата победа над смртта нека ни биде силна инспирација да ја победиме оваа битка со биолошкиот и со политичкиот вирус во Македонија.
Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја ослободиме македонската света земја која е окупирана од внатрешни странски измеќари и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.
И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.
Водени од оваа верба, силно веруваме дека во блиска иднина доаѓаат промените во слободна Македонија, а наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и света библиска земја.
Нека ни е честит големиот празник и нека е за многу години – се вели во честитката на претседателот на Единствена Македонија до православните верници.
фото: Единствена Македонија