Скопје

Студентите од „Гоце Делчев“ три дена без топла вода

Студентите од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје се жалат дека три дена по ред немаат топла вода.

„Топлата вода за нас студентите сместени во „реновираниот“ дом претставува луксуз. Во разговор со мајсторите во домот, бидејки управникот не смее да зборува исплашен од својата позиција, разбравме дека се работи за дефект од 800 денари (да, 800 денари) кои студентскиот нема да ги плати и заради тоа студентите веќе трет ден се оставени на цедило“, вели еден од студентите.

Од Државниот студентски центар се уште нема информација кога студентите е добијат топла вода.

Неодамна сличен проблем имаа и студентите од Студентскиот дом „Кузман“, каде што поради дефект имаше прекин на топлата вода и праното греење.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток