Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ реагираше на изјавата на Самуел Жбогар за помошта од ЕУ во борбата со коронавирусот.
-„На прес конференцијата од 28 март во име на Коалицијата Никогаш северна – само Македонија„ аргументирано и со конкретни докази ги разобличив лажните милијарди кои наводно се донираат од ЕУ во изминатите 30 години. Притоа, на истата прес конференција побарав од Заев да го покаже изводот од буџетската сметка каде се легнати најновите 70 милиони евра од ЕУ кои токму во тој момент беа најавени дека се даваат од ЕУ на Македонија во борба со коронавирусот. Измина месец дена а нема ниту 7 евра, а камоли 70 милиони евра од ЕУ. Уште една голема лага од ЕУ како и во изминатите 30 години.
Се разбира, не мора мене да ми верувате, еве верувајте му на евроамбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. Човекот денеска искрено си кажа дека Македонија добива помош од ЕУ во борбат со корнавирусот, внимавајте добро, 5 генератори, 25 шатори, 200 душеци и дури 1.000 ќебиња.
Што да се каже на ова голема заебанција од ЕУ, наречена помош за Македонија, освен доколку работата не е сериозна, би била ептен смешна. Не ми преостанува ништо друго освен да ја повикам марионетската влада да покаже барем минимум достоинство спрема државата и да не ја прима оваа донација која повеќе лични на заебанција на ЕУ со нашата држава. Ја повикувам власта во Скопје во заминување да не ја бламира државата со ваква навредлива помош, дотолку повеќе, еве јавно ветувам дека ние во Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија спремни сме да ги обезбедиме овие генератори, ќебиња, шатори и душеци кои ви ги пуштат од ЕУ.
Се потврдува дека наводните силни пари кои ги дава ЕУ е веќе стара приказна во изминатите 30 години. Далеку од паметот е да се мисли дека има на запад некои луди германци, холанѓани, швеѓани кои ќе го полнат буџетот на ЕУ за да тие истураат тука силни милијарди во Македонија оти ептен се потресени да не направат среќни и весели. Ова е надвор од секаква човечка логика. Но, мора да признаеме дека ЕУ има фантастична тактика. Бомбастично најавуваат силни милијарди кои убаво звучат за народот и ветувањата ги прикажуваат како парите да се веќе стигнати иако тоа останува само голема лага и ветувања.
Браќа и сестри Македонци и Македонки, едно нека ни е јасно на сите. Доколку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, бидете уверени дека никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард – потенцираше Бачев.
фото: Архива