Скопје

Град Скопје апелира да престане палењето на контејнерите

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните правилно да го одлагаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици.

„Во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери. Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие.

За да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните својот кабаст отпад – стариот мебел, електронските и електричните апарати – да не ги фрлаат на јавните површини и да не ги оставаат до садовите за собирање на комуналниот отпад. Јавното претпријатие на граѓаните им нуди можност кабастиот отпад да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, или во претоварната станица што се наоѓа во Шуто Оризари. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок“, стои во соопштението од Град Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток