Скопје

Скопјанец ограбил две продавници, ги оштетил со 120.000 денари

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела ,,тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија, со што причинил материјална штета од околу 120.000 денари.

Пријавениот, првото дело го извршил на 18.11.2018 година околу 17.20 часот во продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, второто кривично дело истиот ден околу 21.15 часот во продавница на улица „Даме Груев“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток