Магазин

Мотивациски викенд викендов во МОБ

Здружението на граѓани ,,Младите можат” викендов во Скопје го организира петтиот по ред традиционален Мотивациски викенд. Настанот наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех ќе се одржи на 24 и 25 ноември (сабота и недела), во Македонска опера и балет, од 16 до 20 часот.

Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите соништа и цели, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да станат најдобра верзија од самите себе. Мотивацијата е главниот двигател кој овозможува да се постигнат саканите цели и да ги поттикне младите да го остварат она што го сакаат во својот живот.

Целта на Мотивациски викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку успешни луѓе кои ја споделуваат својата приказна за досегашните успеси и падови,и работилници за личен и професионален развој.
Присутните млади ќе имаат можност да ги слушнат неколку говорници кои ќе ги споделат со нив нивните животни приказни, успеси но и предизвици до кои се соочиле на патот до успехот.

Четирите работилници на кои младите ќе имаат можност да учествуваат се на теми „Маркетинг 360“ – од Creative Hub, „Маркетинг на социјални мрежи 101“ – од Brainster, „Elevator pitch” – од Колеги&Колешки, „Како од парите да направите пари“ – од Илирика Фонд. Настанот Мотивациски викенд 5 е во реализација на Младите можат, а со поддршка од фондацијата Schuler Helfen Leben од Германиja.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток