Свет

Пукање во близина на австриската амбасада во Анкара

Недалеку од австриската амбасада во Анкара, испукани биле неколку куршуми во воздух, па турската полиција ги затворила улиците во таа област.

Куршумите биле испукани од бел автомобил во движење, јави турската агенција „Анадолија“, а пренесува АП.

Засега не е познато дали амбасадата била цел на напад.

Сличен инцидент се случи во август, кога три куршуми испукани од возило во движење ја погодија портата на американската амбасада во Анкара, но никој не беше повреден.

На почеток