Силен земјотрес со јачина од 6.3 степени според рихтеровата скала, е регистриран на границата меѓу Иран и Ирак. Земјотресот бил 148 километри од Багдад, каде што бил почувствуван, а жителите на овој град веднаш излегле на улиците од страв за нови потреси.
Земјотресот се случил во 17:38 часот, а засега е рано да се процени дали има жртви или материјални штети.