Откако неодамна манекенката Хејли Болдвин призна дека му кажала „да“ на Џастин Бибер и со тоа ги разочара неговите обожавателкки ширум светот, и славниот пејач на инстаграм објави дека е оженет.
Бибер на Инстаграм на сите им го честиташе Денот на благодарноста со фотографија од природа. Под фотографијата тој напиша:
„Ова ми е прв Ден на благодарноста како оженет човек. Прв пат како домаќин. Прв пат двете страни на семејството дојдоа заедно.Врските се силни и љубовта не е секогаш едноставна, но фала му на Исус што ми покажа како се сака. Секој ден учам, се обидувам да бидам како него, трпелив, драг, несебичен“, напиша Џастин.