Од јануари влезницата во скопската Зоолошка најверојатно ќе поскапи. Цената ќе се зголеми само кај билетот за возрасни и тоа од 50 денари на 80 денари. Билетот за децата останува ист 50 денари, а влезот за деца до три години ќе остане бесплатен. Ова е предлог кој ќе го достави на усвојување пред градските советници и кои ќе одлучат дали ќе има или не зголемување на цената. Причина за барањето за повисока цена од Зоолошката ги наведуваат низата инвестиции, и пристигнувањето на новите животни кои носат нови трошоци.
“Предлогот доаѓа од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни”, вели директорот Ѓорѓи Галетановски кој посочи дека сепак градските советници треба да дадат зелено светло за цената.
-За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доага од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни, вели директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски.