Инспекторатот на Град Скопје поднесе барање за вршење на инспекциски надзор согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина.
„По многубројните претставки и јавувања во врска со работењето на АД Титан – Цементарница УСЈЕ Инспекторатот на град Скопје поднесе барање да биде извршен инспекциски надзор согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи проблематиката е од јавен интерес, a се работи за инсталација која што подлежи на издавање на А-интегрирана еколошка дозвола и со тоа надлежноста за инспекциски надзор е во ингеренци на ДИЖС“, стои во соопштението.