Скопје

Градинката „Буба Мара“ добива целосно нов објект

Градинката „Буба Мара“ добива целосно нов објект. Новиот објект е со 8 занимални, вкупна површина од 1.500 квадратни метри и капацитет за згрижување од 270 деца. За оваа намена се издвоени 40 милиони денари од буџетот на Општина Аеродром.

„Изработени се уште четири проекти за нови детски градинки, во Мичурин, целосно нов објект со површина од 2500 м2, три готови проекти за доградба на градинки, „Црвенкапа“ и „Изворче“ во Стар Аеродром, реконструкција на објектот „Пчелка 1“ во населба Лисиче.
Го решававме наследениот проблем со недостаток на капацитети во градинките. Обезбедуваме повеќе места и подобри услови за најмладите“, велат од Општина Аеродром

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток