Државниот секретар м-р Магдалена Несторовска денеска имаше поздравно обраќање на конференцијата „Задржување од имиграциски причини – Практики и применливо законодавство“ во Скопје, организирана од Македонското здружение за млади правници, а поддржана од Европската Унија.
На конференцијата се разгледуваат и дискутираат сегашните практики на задржување на странци во Република Македонија од имиграциски причини, применливата легислатива, како и ограничувањето на правото на слобода на движење на овие лица. Исто така, фокус е даден и на условите и третманот на овие лица, процедурите со непридружуваните деца и можните алтернативи на притвор.