Македонија

(ВИДЕО) Кирацовски: Стрежево е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните

„Стрежево“ е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните, изјави Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Јавното претпијатие „Стрежево“.

„Токму од тука од хидросистемот ‘Стрежево’ со питка вода се снабдува Битола и околината, се наводнува Битолско поле, со технолошка вода за нашиот најголем енергетски комплекс ‘РЕК Битола’, како и останатите фабрики во Битола и околината“, рече Кирацовски во рамки на одбележувањето на годишнината.

Исто така тој додаде дека Јавното претпријатие е еден од поттикнувачите и на туризмот во Битола, затоа што битолчани се препознатливи по Нижеполе, по летниот и зимски центар и по двата ски лифта.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток