Скопје

Музеј на современа уметност се чуди како може да е скршена опашката на бикот во Скопје

Статуата на бикот која веќе неколку години е на улица Македонија во центарот на Скопје, остана без опашката. Таа вчера наутро била пронајдена скршена.

Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека неретко се случува минувачите да се бесат на неа за да се фотографираат, како и на роговите, па и не е така чудно што таа попуштила.

Од Музејот на современа уметност велат дека штетата во најбрзо време ќе биде поправена.

„Направена е проценка и записник, известено е Министерството за внатрешни работи. Зачудувачки е како е можно скулптура од бронза да биде уништена. Ќе се санира штетата“, велат од Музејот на современа уметност, за САКАМДАКАЖАМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток