Промени тема
Контакт

Пресретнат авион со повеќе од 400 килограми кокаин во Аргентина: Уапсени осум лица, меѓу нив пилот и копилот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryd5oo9h512ufc9Kv4uio

Властите на Аргентина пресретнале авион со повеќе од 400 килограми кокаин, со помош на Американската администрација за борба против дрога (DEA), соопшти аргентинската министерка за безбедност Алехандра Монтеолива.

Според нејзините зборови, авионот кој превезувал 442 килограми кокаин бил пресретнат на полиња кај местото Парахе, на северот на провинцијата Вера.

— реклама —

Уапсени се пилотот и копилотот, двајцата државјани на Боливија, како и уште шест лица поврзани со операцијата за шверц на дрога, пренесува „Ла Насион“.

Како што навеле извори од аргентинската Федерална полиција, припадници на Одделот за борба против наркотици го пресретнале авионот „Цесна 210“ на ранчот Дон Хулио.

Аргентинските власти заплениле и два пикапа, два товарни камиони, опрема за сателитска комуникација и резервоари за гориво.

— реклама —

Како што се наведува, акцијата претставувала кулминација на истрага започната во март, врз основа на информации доставени од Американската администрација за борба против дрога.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

Се урна противпожарен хеликоптер во Аргентина, загинаа седум лица

Свет | пред 1 месец

media-libraryj8bgnq5k8pn26U3WMa4

(Видео) Аргентина ги пречека своите фудбалери, но Меси не беше меѓу нив

Вирално | пред 1 месец

media-libraryo7ma4sl20sekermlSc4

Олмо по хаосот во финалето: Освен Меси, сите како да чекаа причина за тепачка

Спорт | пред 1 месец

media-libraryl1lfohl3rkc85QOr5OW

Аргентина доби надеж? Медиумите тврдат дека Белингем е повреден

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања