Промени тема
Контакт

34 години од формирањето на Армијата: Одбележување во Скопје и Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Со повеќе настани во Скопје и Штип денеска ќе биде одбележан 18 август – Денот на Армијата, со кој се одбележуваат 34 години од формирањето на современата македонска Армија.

— реклама —

Централниот дел од одбележувањето во Скопје ќе се одржи во касарната „Илинден“. Во 19 часот единица на артилерискиот баталјон ќе изведе почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун од шест орудија.

— реклама —

Одбележувањето ќе продолжи и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде што ќе биде извршена смотра на 2. пешадиски баталјон и други армиски единици. На настанот се очекува да присуствуваат претставници на повисоката команда на Армијата, градоначалници од зоната на одговорност на 2. пешадиски баталјон, директори и раководители на јавни претпријатија и установи, како и претставници на верските заедници.

Датумот 18 август е избран за Ден на Армијата во чест на 18 август 1943 година, кога на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, кој се смета за прва организирана воена формација на Народноослободителната војска на Македонија.

— реклама —

Процесот на формирање на современата македонска Армија започнал во 1992 година, по договорот што тогашниот претседател Киро Глигоров го потпишал со раководството на ЈНА за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Денес Армијата е дел од НАТО, откако Северна Македонија на 27 март 2020 година стана 30. полноправна членка на Алијансата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Утре почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата – граѓаните ќе ги слушнат 10 плотуни

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања