Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска цел ден молчи за бугарското државјанство, каде се крие, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска цел ден денеска не се изјаснува по јавно објавениот документ дека 10 години има бугарско државјанство, велат од СДСМ.

— реклама —

„Каде се крие Арсовска? Цел ден молчи и наместо одговор од неа, стигна обид за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ преку празно соопштение до медиумите.

Јавно објавен документ докажува дека Арсовска во 2011 година се стекнала со буграско државјанство.

— реклама —

Арсовска, кадар на Груевски и почесен конзул на Унгарија, треба да излезе пред јавноста и да каже од кои побуди и поради кои причини извадила бугарско државјанство.

Кандидатка за градоначалник која е почесен конзул на Унгарија и државјанин на Бугарија, не може да работи за интересите на Скопје и неговите граѓани.

Затоа скопјани в недела на изборите ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ чија кандидатка е“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања