Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска доби поддршка од Дорис Пак: Скопје заслужува млада, силна и посветена жена за градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-10-28-130415

— реклама —

Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер. Која ќе биде во служба на сите граѓани - Данела Арсовска,  вели Дорис Пак, Претседател на асоцијацијата на жени во ЕПП

— реклама —

„Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела, може и ќе направи промени за подобро и модерно Скопје.

Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Која ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани.

Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката.

Како претседател на ЕПП Жени, јас и честитам на нашата сестринска партија ВМРО за поддршка на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври.

Се најдобро! Ви стискам палци“, додава таа.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања