Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Арсовска го прифати барањето за колективен договор за пожарникарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Sredba-sindikat-pozarnikari

Поради несовесно работење на сегашниот командант на Противпожарната бригада Скопје, Владимир Симоновски и поради тоа што пожарникарите, континуирано се соочуваат со притисоци, проблеми и нереализирање на работничките права кои ги имаат, претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски, како и заменик претседателот на репрезентативниот синдикат, Боби Велјановски, организираа средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на која разговараа за отворање на Колективниот договор за обезбедување наосновните барања на пожарникарите.

— реклама —

Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

— реклама —
— реклама —

На средбата со градоначалничката Арсовска е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите.

— реклама —

Овој горлив проблем, кој претходниот градоначалник не успеа да го реши во својот мандат од четири години, Град Скопје го решава уште во првите 82 дена од мандатот на градоначалничката Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања