Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да бараат алиби за неспособноста, да се зафатат за работа, врати СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

„Градоначалничката на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажа неспособност со тоа што два месеци од мандатот и поминаа во неработење и правење штета на граѓаните на Град Скопје. Арсовска скандалозно го поништи проектот Бас рапид транзит за еколошки и ефикасен градски превоз на којшто се работеше три години со партнерите од ЕБОР. Уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска. Мостот на АСНОМ е во поодмината фаза и Арсовска само требаше да ја продолжи неговата изградба. Мостот го олеснува сообраќајот за Аеродром и Гази Баба. Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата предводена од СДСМ преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош и Центар“, велат од СДСМ.

— реклама —

„Со овој прекин на три капитални проекти само поради лични каприци, Арсовска покажува несериозно, нечесно и политикантско однесување кое е исклучиво на штета на интересите на граѓаните, на штета на развојот на Скопје. ВМРО-ДПМНЕ не може со невистинити податоци да ја покрие неспособноста, штетното однесување, разрешувањето на директори, прекинување проекти и низа други неуспеси на Арсовска. Наместо да измислуваат алиби, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се зафатат со решавање на проблемите и конечно да почнат да работат за интересите на граѓаните“, додаваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања