Арсовска им порача на центарци: Не е лесно да извоите битка со Владата, но јас таа битка ја водам со години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
DSC07343

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓани од општина Центар. Во разговор со граѓаните, Арсовска истакна дека центарот на градот во изминатите 4 години стагнира, наместо да гледаме раст и модернизација. Според нејзе, центарот на градот е ликот на еден град за секој турист, ликот на градот за секој добронамерник што доаѓа да не посети, а центарот на Скопје сега наликува на бетонско здание, без зеленило, без содржина, без душа.

— реклама —

„Како претседател на Сојузот на стопански комори имаме комуникација со странски компании кои сакаат да помогнат центарот на градот да биде пример за поврзување и комуникација. Додека некој зборува како да изгледа смарт сити, веќе ја имаме визијата и донацијата за истото. Јас не сум човек што многу зборува, повеќе сакам мојата работа да покаже што можам. Секој што работел со мене и бил во комуникација со мене знае дека моите ветувања се исполнети до крај. Јас не ветувам, јас работам. Не е лесно да се бранат интересите на 24 илјади мали и средни компании во Македонија, но јас ги бранам успешно со години. Не е лесно да извоите битка со Владата, но јас таа битка ја водам со години и со оваа и со претходната Влада. Бидејќи за добар менаџер нема проблем кој не може да се реши, а секој предизвик е одење напред со идеите”, додава Арсовска.

— реклама —

Таа во разговорот со центарци, потенцираше дека со нејзината посветеност, знаење и стручна надграденост, заедно со граѓаните ќе го врати вистинскиот сјај на Скопје, бидејќи, како што вели Арсовска, „Скопје му недостига на скопјани. Скопје средено, уредено”.

— реклама —

„Скопјани не бараат многу, бараат да имаат град со којшто ќе се гордеат. Скопјани бараат град што ќе биде пример како треба да изгледа една современа и модерна метропола. Скопјани се уморни од решенија кои се убави визуелни на презентации, а во реалност ги нема. Тоа е нашата реалност сега, живееме во виртуелен свет на ветувања коишто не се остварени. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. За Скопје на сите скопјани”, заклучи таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања