„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
danela-arsovska-DSC09337

,,Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.

— реклама —

Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.

Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.

— реклама —

Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.", велат од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

danela-arsovska

ВМРО-ДПМНЕ: „Колку е поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна“

Скопје | пред 1 месец

komunalna-skopje

Управниот одбор на „Комунална хигиена“ бара од Арсовска итно да назначи нов директор

Скопје | пред 1 месец

media-library9svvo4pu52rl8q36fCI

И Арсовска им се извини на граѓаните за Мицкоски: „Мислев дека си чесен“

Скопје | пред 3 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања