Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Управниот одбор на „Комунална хигиена“ бара од Арсовска итно да назначи нов директор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
komunalna-skopje

Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ ѝ испратил итна ургенција на градоначалничката Данела Арсовска, со барање веднаш да назначи нов вршител на должноста директор, поради сериозни проблеми во работењето на претпријатието.

— реклама —

Во дописот, кој го потпишале членовите на Управниот одбор, се наведува дека токму градоначалничката има исклучива надлежност да именува и разрешува директори, согласно Законот за јавни претпријатија и Статутот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

„Спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности за назначување и разрешување директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ги имате исклучиво вие“, се наведува во писмото.

— реклама —

Одборот потсетува дека Арсовска во изминатите четири години именувала пет вршители на должност и разрешила четворица од нив. Во документот се предупредува дека состојбата во претпријатието е критична, бидејќи се при крај резервите на нафта за службените возила што се користат за собирање и транспорт на отпадот. Без потпис на директор, велат од Одборот, не може да се изврши набавка на нови количества гориво.

„Доколку во најкус можен рок не назначите в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот е ваша“, стои во ургенцијата.

Од Управниот одбор апелираат итно да се назначи нов раководител, „во насока на остварување на примарната дејност на претпријатието, а во интерес на заштитата на животната средина и јавното здравје“.

Писмото е потпишано од сите дванаесет членови на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 6 часа

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

(Видео) Над 1,5 милиони евра месечно губи Комунална хигиена поради девијантни појави од минатото, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 2 седмици

media-library394rmk2fr4fr8OmWH9V

При крајот на оваа пролет ќе се набавуваат камионите за Комунална хигиена-Скопје, а ќе стигаат до крајот на годинава

Скопје | пред 3 седмици

media-librarya9p2vij21ilueHjaCnz

ЈП Комунална хигиена интензивно го расчистува снегот и мразот низ сите скопски општини

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања