Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Арсовска избрана за нов претседател на ЗЕЛС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на конститутивната седница едногласно е избрана за нов претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), којашто ги обединува сите 81 општина во државата.

Арсовска потенцираше дека главна цел во нејзиниот четиригодишен мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност и независност на сите општини.

— реклама —

- Она што е значајно, за што имаме консензус во новиот мандат на управниот одбор на ЗЕЛС е дека ќе се посветиме во следниот четиригодишен мандат на интензивирање на процесот на децентрализација, што е долго во застој. Тој процес би требало во наредниот четиригодишен период да обезбеди поголема финансиска независност и стабилност на локалната власт и секако преземање на нови поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа. Верувам дека ќе имаме можност да покажеме како ЗЕЛС што ги обединува сите 81 општина во Македонија, дека ќе можеме како и на денешниот ден едногласно да ги носиме одлуките, да ги застапуваме интересите на граѓаните кои ни ја дале својата доверба и дека ќе овозможиме во следниот четиригодишен мандат да ги реализираме сите проекти кои ги имаме заеднички зацртано, потенцираше

— реклама —

градоначалничката Арсовска.

— реклама —

За нејзини заменици избрани се градоначалникот на Општина Валандово, Перо Б Костадинов и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања