Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска: Ја нападнаа идејата за бесплатен јавен превоз, а после еден ден излегоа и го понудија истото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
D-Butel2

Скопјани ќе го добијат она што го заслужуваат, јас во оваа кампања се занимавам со тоа што ќе работам за скопјани, јас не сум како нив. Од друга страна има човек кој не остварил ни 5 проценти од тоа што ветувал, за што ќе зборува тој освен што ќе ме напаѓа мене. Тоа зборува за нив, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа.

— реклама —

Таа додаде „ако јас само дискутирав за нивните небулози, ќе требаше само да се бранам“. Оттука рече Арсовска, не ме чуди што имам водство, затоа што јас нудам проекти конкретни работи.

„Верувајте проблемите на скопјани не се нерешливи, треба да се има само волја и посветеност и токму тоа е кое што имам намера да им го покажам на скопајни дека треба да се одважат, дека треба да излезат. Време е да се престане со тоа да им се дава на политичарите шанса, треба да се даде шанса и на некој кој може добро и квалитетно да ги менаџира процесите“, рече Арсовска.

— реклама —

Арсовска рече дека е разочарана што идејата за бесплатен јавен превоз наиде на критики.

„Критикуваа, а потоа го понудија и тие самите. Знаат и самите дека е возможно, зошто и тие го нудат ако не невозможно“, рече Арсовска.

Таа додаде дека за оваа идеја важно неа само добро да се менаџираат процесите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања