Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска ќе остане запаметена по 109 партиски вработувања во Град Скопје, вели Јајоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Конструкциите што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат неработењето на градоначалничката од нивните редови, Данела Арсовска, вели Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Се ближат првите 82 дена од мандатот на Арсовска а таа не сработе ништо во интерес на градот и на скопјани.

Во овие два и пол месеци од мандатот, Арсовска ќе остане запаметена по 109 партиски вработувања во Град Скопје, по партизација на Јавните претпијатија и установи во надлежност на Градот и по прекинатиот проект Бас рапид транзит.

— реклама —

Колку Арсовска знае да менаџира покажува и фактот што Градот додели пет милиони денари или над 80.000 евра на ЈП Градски Паркинг, во време кога на предлог на Арсовска се намалува цената за паркирање.

И Арсовска и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираа проблемите со парното греење и ги оставија скопјани на цедило.

— реклама —

Ваквиот однос на Арсовска покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

— реклама —

Оваа партија и нејзините градоначалници не работат за интересите на граѓаните и општините, туку единствено за партиски и личните интереси.

Град Скопје, општините и граѓаните не заслужуваат вакви неодговорни и нечесни градоначалници“, додава таа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања