Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска на координативен состанок во општина Бутел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со претставници на јавните претпријатија и секторите при Градот како дел од теренскиот тим, одржаа координативен состанок со претставници на урбани и рурални заедници од вкупно 13 населени места кои се наоѓаат во општина Бутел, како дел од активностите за проценка на состојбата со заборавените населби во градот.

— реклама —

Град Скопје заедно со тимови составени од секторски претставници, преку постојана комуникација на терен со граѓаните од месните и урбани заедници во оваа општина и анализи на состојбите, ефикасно пристапува кон решенија за надминување на предизвиците и подобрување на условите во секојдневното функционирање на граѓаните. Жителите од Општина Бутел, како приоритетни ги истакнаа предизвиците со водоводната мрежа, подобрување на сообраќајната инфраструктурата, обезбедување соодветна атмосферска канализација, потребата од соодветна светлосна сигнализација, повеќе зелени површини, уредување на кејот на Серава.

По завршување на теренската работа, Градот во соработка со општината ќе започне со изготвување и реализација на проекти кои се неопходни за надминување на предизвиците со кои се соочени граѓаните, а со единствена цел, подобрување на условите и обезбедување на квалитетен живот за граѓаните во секое населено место во општините во градот Скопје подеднакво.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања