Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска на средба со Амбасадорот на Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката Арсовска денеска оствари средба со Шефот на Делегација на Франција во Скопје, амбасадорот Сирил Бомгартнер и директорот на Регионалната Канцеларија на Француската агенција за развој, Доминик Ортберг. На средбата присуствуваа и аташе за соработка Жулие Маравал и Камил Имберт, одговорна за проектот Smart Cities во Регионалната канцеларија на Француската агенција за развој.

— реклама —

На средбата се зборуваше за предизвиците кои го очекуваат Градот Скопје и за приоритетите на новото градско раководство во наредните четири години со цел креирање на подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје.

— реклама —
— реклама —

Арсовска потенцираше дека како еден од поважните проекти кои се предвидени за реализација во наредните четири години е целосната дигитализација на Градот Скопје, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните на ниво на градот. Амбасадорот Бомгартнер посака успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје. Тој додаде дека се надеваат дека Град Скопје ќе продолжи да се развива во насока да стане почист и поеколошки град, град кој нуди подобри услуги и се стреми да прерасне во дигитален град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања