Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на урбаните заедници од општина Центар, на која

присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на администрацијата на Град Скопје.

— реклама —

Тимовите составени од секторски претставници од Град Скопје, како и од јавните претпријатија кои се под надлежност на Градот, веќе ги започнаа теренските активности за целосна проценка на состојбата со населбите во Општина Центар, која ја сочинуваат 17 урбани заедници. Се врши проценка на затекнатата состојба и се работи на изготвување на акциски план со проекти кои Градот ќе ги имплементира во овие населени места.

— реклама —

Градот Скопје заедно со теренските тимови изготвуваат план за решавање на детектирани проблеми по урбаните заедници на територија на општина Центар, каде најголемите предизвици се од областа на сообраќајот и комуналната хигиена.

— реклама —

Град Скопје ќе започне со имплементација на проекти во секое населено место, со што ќе се овозможи брз и рамномерен раст и развој за сите општини и населени места во нив подеднакво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања