Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска не сакаше да даде пари за да се субвенционира парното, а обезбеди 670.000 евра за 109 партиски кадри, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
D-Butel2

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска три месеци не работи ништо, вели СДСМ.

— реклама —

„За време на овој период Арсовска не само што не реализира ниту еден конкретен проект од нејзината програма, таа се што прави е стопирање проекти и партизација на Град Скопје.

Универзалната сала стои недовршена. За овој важен проект за скопјани, Владата предводена од СДСМ обезбеди речиси 2 милиони евра. Но и покрај обезбедените средства и склучениот договор со изведувачот, Арсовска повеќе од три месеци ја стопира реализацијата на овој проект.

— реклама —

Арсовска го прекина Бас Рапид транзит, одби 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а потоа бараше пари од Владата за да му се помогне на ЈСП.

Арсовска не сакаше да даде пари за да се субвенционира парното, а обезбеди 670.000 евра за 109 партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

Нема нови 250 автобуси на градските улици. Во Буџетот за 2022 не се обезбедени пари за набавка на нови еколошки автобуси, туку ЈСП пушта во употреба стари автобуси, претходно повлечени од употреба.

Ова е учинокот на Арсовска, нема ништо за граѓаните, ништо за развојот на градот, само деструктивни потези на штета на граѓаните.

Граѓаните од Арсовска очекуваат решенија за модерно Скопје, очекуваат да си ја совлада суетата и ароганцијата, да престане да бара оправдувања за нејзината неспособност и да почне да го работи она за што добила доверба од граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања