Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска: Не се плашам од предизвици, ќе успеам добро да се справам со функцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

„Во секој случај она што е важно пред се во овој сегмент, но не само во Сојузот на

— реклама —

Стопански комори на Македонија, генерално во Светската федерација на комори каде

што сум еден од луѓето кои што раководат со над 12.700 комори од целиот свет, мора

— реклама —

прво да сте човек, да сте професионалец и луѓето го гледаат тоа“ изјави кандидатката за

градоначалник за Град Скопје Данела Арсовска во емисијата Добро утро, секое утро на

ТВ Алфа.

„Покажавме и докажавме дека во Македонија има луѓе со кои треба да се гордееме.

Треба да се стимулираат, не само до сега, туку и од сега младите генерации кои што

гледаме дека имаат голем потенцијал во себе, кои што гледаме дека носат нешто со

себе, истакна таа“ - продолжи Арсовска.

На прашањето колку сака предизвици и дали се плаши од предизвици имајќи предвид

дека функцијата градоначалник на Град Скопје е голем ризик, Арсовска беше децидна

дека не се плаши од предизвиците, додавајќи дека најважно и било да покаже дека и

некој кој што не е политичар може да успее во една ваква трка.

„Не се плашам од предизвици. Целиот живот на секој од нас е предизвик сам по себе, а

ова е нешто ново за мене затоа што сметам дека малку понечесна е оваа игра од она

останатото кое што се случувало до сега низ мојот живот и работата. Меѓутоа верувам

дека јас и како човек и како жена ќе успеам добро да се справам со тоа што ме очекува, а

најважното од се ми беше да покажам дека и некој кој што не е политичар може да успее

во една ваква трка и дека можам како независен кандидат за градоначалник да победам“,

истакна Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања