Арсовска: Општините се презадолжени, ќе дадеме предлог мерки за состојбата со топлинската енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на вечерашното гостување во дебатната емисија Топ Тема на телевизија Телма, на прашањето дали градот ќе преземе некакви мерки за ублажување на состојбата со испораката на топлинска енергија во главниот град и дали воопшто има пари за некакви субвенции за граѓаните, Арсовска посочи дека градот ќе помогне со давање предлог мерки.

— реклама —

„Давање предлог мерки е она што можеме да го направиме со оглед на практиките кои што ги има не само во регионот, туку и низ цела Европа, едноставно можеме да понудиме мерки со кои што ќе се ублажи ценовниот шок за граѓаните, затоа што за жал, како што знаете, општините во Скопје се наоѓаат во една незавидна положба, презадолжени се, а тоа се долгови што се влечат од пред извесен период. Ваквата моментална состојба не овозможува да се интервернира или да се преземе драстичен чекор, ние практично имаме свои трошоци кои што како град мораме да ги покриеме, а сите тие се во интерес на граѓаните, меѓутоа се премногу сложени

— реклама —

за да можеме да интервенираме за вакви мерки, а притоа степенот на децентрализација на општините и средствата кои што тие ги добиваат за да можат да работат се навистина ограничени“ – истакна Арсовска.

— реклама —

Градоначалничката Арсовска потенцираше дека сето она што Град Скопје го предлага како сет на мерки е по препорака од контактите што ги има од земјите од Европа, посочувајќи ја како пример Белгија која им помогна на компаниите кои што имаат склучено договори за снабдување со електрична енергија со економските оператори и тоа е еден од примерите кои треба да ги следи и имплементира и нашата држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања