Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска планира нов Мега парк во Аеродорм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_20211024_123225_464

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, утрово се сретна со жителите од општина Аеродром. Разговараше со пазарџиите и потрошувачите на пазарчето во трговскиот центар Бисер и се сретна со голем број жители и поддржувачи од општината.

— реклама —

„Се обврзувам дека ќе изнајдеме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од оваа општина уште од првиот ден од мојот мандат и ќе ги решиме во првите две години. Ќе бидам градоначалник кој во договор со сите граѓани ќе работи на проекти кои се од суштинско значење со цел подобрување на квалитетот на животот во општината, во градот и на сите нас. Фокусот ќе го ставиме на подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемите во сообраќајот, брз, безбеден и квалитетен јавен превоз, повеќе пешачки и велосипедски патеки, повеќе зелени површини. Во општина Аеродром е планиран и нов Мега парк, по примерот на градски парк, како и повеќе паркови низ сите населби кои се дел од општината“ – изјави Арсовска на средбата со жителите од општината.

— реклама —

Жителите на општината се пожалија и на лошиот квалитет на воздухот од дивите депонии и од Вардариште, за што Арсовска најави итно санирање и чистење.

Таа, исто така го престави и својот проект за изградба на Скопје Инопарк на површина од 7000 метри квадратни за економско јакнење на општината преку користење на ИТ ресурсите и потенцијалите од индустријата и овозможување професионален раст за младите од оваа општина но и од целиот град. Арсовска најави и изградба на мултимедијален центар кој ќе нуди содржини за сите посетители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања