Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Арсовска прекинува три проекти заради лични каприци, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela964521

Данела Арсовска првите два месеци од мандтот ги помина неработејќи ништо и нанесувајќи им штета на граѓаните на Град Скопје, велат од СДСМ.

„Арсовска покажува неспособност.

— реклама —

Сандалозно го поништи прокетот Бас рапид транзит за ефикасен и еколошки градски превоз.

На проектот се работеше цели три години со партнерите од Европската банка за обнова и развој.

— реклама —

Но уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска.

Мостот на АСНОМ веќе е во подмината фаза и се што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изгадба.

Мостот го олеснува и го намалува спобраќајот за цел Аеродром но и за Гази Баба.

— реклама —

Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош но и за центар.

Ова е несериозно, политикантско однесување на Арсовска која прекинува три капитални проекти единствено заради лични каприци.

— реклама —

Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска, покажува неспособност на штета на интересите на граѓаните, на штета на идниот развој на Град Скопје.

Два месеца таа единствено што прави е поништување и прекинување на проекти“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања