Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема реализирано ниту еден свој, вели координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
D-Butel2

„Во првите два и пол месеци од мандатот, Данела Арсовска нема ниту еден проект во интерес на граѓаните на Град Скопје. Нејзината најава дека ќе реконструира булевари и улици во градот, всушност е продолжување на проект на претходната градска администрација. Речиси за сите улици и булевари кои ќе се реконструираат веќе се изготвени проектни документации од претходното раководство, а за улицата „Радишанска“ избран е и изведувач на градежните работи. Добро е што Арсовска ги продолжува проектите на претходниот градоначалник и ја охрабруваме исто вака да постапи и со проектот Бас рапид Транзит кој го прекина иако за него средствата веќе беа обезбедени. Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект а веќе наближуваат 82 дена од мандатот, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 проекти“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа додава:

— реклама —

Се што видоа граѓаните на Скопје од Арсовска во овој период е неработење, прекинување проекти, партизација на администрацијата и бегање од одговорност.

— реклама —

Тоа е нечесен и неодговорен однос кон граѓаните кои и дадоа доверба на Арсовска.

— реклама —

Арсовска треба да решава проблеми и да реализира проекти, а не да бара оправдувања за неработењето и да се иззема од одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања