Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска се правда зошто Универзална не се реконструира со полн капацитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните. Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци, истакна Арсовска.

— реклама —

Во денешната изјава градоначалничката Арсовска посочи дека документацијата за реконструкција на Универзалната сала во моментов се одвива фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација за изведба на внатрешниот дел. Овие информации се јасно наведени и во извештаите за текот на активностите во врска со реконструкција и адаптација на Универзалната сала.

По воведување во работа, изведувачот се соочува со низа проблеми од обемен карактер, односно се појавуваат проблеми поради неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи на истиот, односно воопшто непостоење на арматура во темелни ѕидови, испукана армирано-бетонска плоча на сцена, неочекувани постојни темели на места на кои се предвидени новите конструктивни елементи и слично.

— реклама —

Да се направела соодветна анализа пред да се земе овој дониран проект и да се изведуваат градежни активности по него, веројатно вакви проблеми кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на овој објект не би имало, изјави Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања