Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска се прогласи за ненадлежна додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela862

Градоначалничката на Град Скопје не реализираше ниту еден свој проект во првите 82 дена од мандатот, вели СДСМ.

— реклама —

„Учинокот на Арсовска се состои од нивелација на една шахта и поставување мобилни тоалети.

Ама затоа Арсовска овие неполни три месеци ги искористи максимално да ја партизира градската администрација и да вработи 109 партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ и на директорски позиции во Јавни установи и претпријатија да постави партиски функционери од ВМР0-ДПМНЕ.

— реклама —

Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз како што лажно ветуше во нејзината предизборна кампања, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а го прекина и проектот Бас рапид транзит за кој беа обезбедени пари од Европската банка за обнова и развој.

Арсовска бессрамно се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија.

Единственото нешто што го сведочеа граѓаните овие неполни три месеци од мандатот на Арсовска е партизација на Градот, прекинување на проекти и изземање од одговорност за своите надлежности,

На сите им стана јасно по првите 82 дена од мандатот дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања