Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска: Скопје повторно да биде град на солидарноста и соживотот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, делегации од земјава и од странство денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите, на платото пред Владата.

— реклама —

- Денес ја имаме можноста да живееме во слободен град, но тоа е и аманетот кој ни го оставија оние кои се жртвуваа за да имаме иднина. Да гледаме кон иднината, да ја живееме сегашноста надевајќи се дека ќе можеме да ги надминеме разликите и повторно да го направиме Скопје да биде град на солидарноста и на соживотот. Знам дека скопјани можат да се обединат и знам дека сите ние заедно ќе отпочнеме да реализираме визија за модерно, европско, поубаво Скопје. Не е важно само да го чествуваме овој ден. Важно е и секој еден ден да се сеќаваме на жртвата која борците ја дале, за денес да живееме во слободно Скопје и во

слободна Македонија, рече Арсовска во своето обраќање на чествувањето пред Споменикот на ослободителите.

— реклама —

Пред Споменикот на ослободителите се обрати и претседателот на градската организација на Сојузот на борците од НОАВМ, Наум Буревски кој порача дека борбата за слободно Скопје им припаѓа на сите граѓани на Македонија.

- Ова е еден од најзначајните празници на Скопје. Денеска се потсетуваме на херојскиот чин на 12-та, 16-та и Третата ударна бригада кои што пред 77 години го ослободија Скопје. Во непосредна близина, кај тогашната Учителска школа, се водеше една од клучните операции за ослободување на нашиот град, каде што животот го положија многу борци – рече Наум Буревски, претседател на градската организација на Сојузот на борците од НОАВМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања