Арсовска: Владата доцни пет месеци со преземање на мерки за енергетската криза, БЕГ не е под надлежност на Градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
266695852_400721481739184_765944474006890904_n

Пет месеци се доцни за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата, смета градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, којашто денеска ја коментираше вчерашната изјава на мандатарот за Влада, Димитар Ковачевски, дека обврска на Градот е решавање на енергетската криза во Скопје.

— реклама —

„Би сакала да ја прокоментирам и изјавата на новиот мандатар дека Владата нема да дозволи Скопје да остане без парно. Би ја поздравила оваа изјава на мандатарот и сакам да го посетам дека обврската за ова е на Владата, дека БЕГ има добиено концесија од Владата, а не од Градот и секако тоа е обврска и одговорност на Владата. Воедно се доцни веќе пет месеци за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата. Несериозно е префрлање на одговорноста на институции што немаат ниту средства, ниту одговорност за хаосот настанат во енергетиката. Оваа Влада има, исто така, обврска кон општините и граѓаните, особено бидејќи тие се оставени без средства и задолжени се до максимум“, смета Арсовска.

— реклама —

Според неа какви било конструкции и приказни за тоа дека некој ги спасува граѓаните во услови кои има енергетска криза е крајно несериозно, бидејќи тоа секако беше одговорност на Владата уште од почетокот на оваа криза минатата година.

— реклама —

„Префрлањето на вина или обидите на оној кој не презема мерки во кризава, да се прикаже како спасител е дегутантно и непотребно бидејќи ако се реагираше на време со мерки, како што тоа го направија владите на другите држави, сега немаше да има толку големи проблеми. Сите плаќаме поскапа електрична енергија, парно, нафтени деривати. А општините и нивните институции плаќаат петпати поголеми сметки за електрична енергија затоа што се дозволи еднострано раскинување на договорите од страна на снабдувачите со електрична енергија, без никакви последици. Владата од нас бара одговорност, а притоа ги има сите средства собрани од граѓаните и не е спроведена целосна фискална децентрализација, затоа што тоа ќе значи помалку пари во буџетот на Владата, а повеќе во општините и Градот Скопје, што ќе значи поголема одговорност и поголема финансиска независност на општините“, изјави Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања