Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Арсовска влегува по домови, објави што ѝ велат кога ќе ја примат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
7A7AE7BD-15EF-4CC7-AF1F-2780C8F479F2

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска на теренската активност од врата на врата посети повеќе домови од скопската населбата во општина Центар - Водно, каде што со граѓаните разговараше за приоритетните проекти и понуди брзи решенија за нивните проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.

Целосно завршување на изградбата на втора фаза од жичарата на Водно со цел овозможување на полесен и брз пристап за сите граѓани, но и за туристите кои сакаат да го посетат Водно, заштита на зеленилото и подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот се дел од клучните проблеми и потреби кои граѓаните ги истакнаа во разговор со кандидатката Арсовска.

— реклама —

„Ме радува што граѓаните ја препознаваат мојата визија и идеи за подобро Скопје и верувам дека заедно преку соработка и во интерес на сите скопјани ќе реализираме квалитетни и издржливи решенија за Скопје како модерна метропола. Тоа го заслужуваат моите сограѓани. Јас не сум политичар и нема да бидам. Ќе работам исклучиво во служба на граѓаните, а тие ќе бидат мојот коректор со цел успешно реализирање на програмата за модерно Скопје“, изјави Арсовска по средбата со жителите од Водно.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања