Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Арсовска во посета на СОС Детско село

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
POseta-SOS-Detsko-selo-1

Денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посети дел од згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје кои згрижуваат и овозможуваат топол дом и семејство на поголем број деца во социјален ризик, деца без родители и деца и млади кои се лишени од правото на родителска грижа.

— реклама —

Арсовска при посетата достави пакети со прехранбени производи до СОС Детското село за 68 загрижувачки семејства како и подароци за децата. Разговараа за живот таму, предизвиците со кои се соочуваат и можностите со цел овозможување на поквалитетни услови за живот и поголема инклузија на овие деца.

— реклама —
— реклама —

- Овие згрижувачки семејства со безрезервна поддршка и љубов, се топол дом и семејство за децата во социјален ризик, децата без родители како и младите без родителска грижа кои честопати се лишени од ова право. Денеска посетивме дел од семејствата и ги изненадивме најмалите со подароци, нема нешто поубаво од детска насмевка и радост, знаејќи дека имаат топол дом и згрижувачко семејство кое се грижи за нив. Овие згрижувачки семејства, со својата хумана мисија не само што обезбедуваат топол дом и семејство за дечињата од СОС Детското село, туку и им се и голема поддршка. Градот Скопје ќе биде активен партнер и поддржувач на мисијата и активностите на СОС Детското село и на овие згрижувачки семејства, истакна градоначалничката Арсовска по посетата на СОС Детското село.

— реклама —

Арсовска го посети и Ресурсниот Центар на СОС Детското село, каде оствари средба со директорката Александра Ивановски, семејства корисници на услугата советување и менторство по напуштање на грижа, како и со неколку млади кои имале статус деца без родителска грижа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања