Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовска во првите три месеци не направи ништо, нивелирање две – три шахти и мобилни тоалети не се проекти, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela-arsovska-1170x897-1

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во првите три месеци од мандатот нема направено ниту еден проект, вели СДСМ.

„Нивелирање две – три шахти и неколку мобилни тоалети не се проекти ниту имаа врска со развојот на градот.

Постоечките големи проекти кои Арсовска ги прекина, започнати од претходната локална власт, се важни, стратешки проекти кои гарантираат соверемен развој на Скопје.

Ништо не се прави за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

— реклама —

Дали Данела Арсовска дефинитивно се откажува од проектот Бас рапид транзит?

Стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обебзедени средства.

Арсовска не ја продолжува ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за чија реализација се обезбедени пари од Владата.

— реклама —

Се уште не е завршен капиталниот проект – мост на реката Вардар во Аеродром.

Повторувам, ова се капитални проекти, со големо значење за стратешкиот развој на Скопје.

— реклама —

Со досегашната неработа Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Скопје.

На граѓаните им е доста од оправдувања и изземање од одговорност, тие очекуваат реализација на крупни, капитални проекти“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања